Advanced search in
Research products
arrow_drop_down
Searching FieldsTerms
Any field
arrow_drop_down
includes
arrow_drop_down
9 Research products
Relevance
arrow_drop_down

  • 2018-2022
  • Publications
  • Research data
  • Macedonian
  • Archives of Public Health

  • Authors: Trajanov, Darijan; Kjosevska, Elena; Zafirova Ivanovska, Beti;

    Physical activity is one of the key factors in protecting and promoting peoples’ health of all ages around the world.Healthy lifestyle that includes physical activity, healthy food and appropriate health education will creating healthy young people, who will have a healthy and long life. The aim of the paper was to determine if there was a link between socioeconomic status in the family and practicing regular physical activity among young people. Materials and Methods: This was a descriptive-analytical study. It included 316 students in the second and third year of the study program for general medicine at the Faculty of Medicine at UKIM in Skopje. Results and Discussion: Students who practiced moderate physical activity came from families with monthly incomes higher than 30,000 denars or it was 48.4% compared to 34.65% of students who came from families with monthly incomes lower than 30,000 denars. There was a weak positive correlation between the monthly income of students' families and the practice of physical activity, R=0.21, p=0.002. Conclusion: The financial situation in the family has a main role in practicing physical activity. Therefore, with the increase of the family budget, the days when the students are physically active increase, too. Физичката активност е еден од основните фактори за заштита и промоција на здравјето на луѓето од сите возрасти насекаде низ светот. Со следење на насоките на здравото и активно живеење ќе се создаваат здрави млади луѓе коишто ќе имаат здрав и долг живот. Целта на овој труд беше да се утврди дали постои поврзаност помеѓу социоекономската состојба во семејството и практикувањето редовна физичка активност кај младите. Материјал и методи: Ова истражување претставува дескриптивно-аналитичка студија. Во него учество зедоа 316 студенти од втора и трета година, студиска програма за општа медицина на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје. Резултати и дискусија: Студентите кои практикуваа умерена физичка активнoст потекнуваа од семејства со месечни приходи повисоки од 30.000 денари, односно тоа изнесуваше 48,4% наспроти 34,65% од студентите коишто потекнуваа од семејства со месечни приходи помали од 30.000 денари. Помеѓу месечните приходи на семејствата на студентите и практикувањето физичка активност постои слаба позитивна корелација, R=0,21, p=0,002. Заклучок: Финансиската состојба во семејството игра голема улога во практикувањето физичка активност. Студентите кои потекнуваат од семејства со повисок семеен буџет вежбаат почесто.

    0
    citations0
    popularityAverage
    influenceAverage
    impulseAverage
    BIP!Powered by BIP!
    more_vert
  • Authors: Gjerakaroska-Savevska, Cvetanka; Nikolikj-Dimitrova, Erieta; Koevska, Valentina; Mitrevska, Biljana; +2 Authors

    Уринарна инконтиненција, односно неможност за контролирање на мокрењето опфаќа спектар на пречки од повремено истекување на урината до комплетна неможност за задржување на урината. Почеста е кај повозрасната популација и кај жените. Уринарната инконтиненција во голема мерка влијае врз нарушување на општото здравје и го намалува квалитетот на живот. Таа може да се групира во неколку типови: стрес инконтиненција, ургентна инконтиненција, неврогена инконтиненција, преливна “overflow” инконтиннеција. Стрес инконтиненцијата е најчеста од горенаброените, настанува заради слабост на мускулите на карличното дно. Потребен е индивидуален пристап во проценка на состојбата и во изборот на третманот. Можностите за третман вклучуваат медикаментозна терапија, бихејвиорална терапија, биофидбек, вежби за јакнење на карличното дно, електрична стимулација, магнетна стимулација и хируршки третман. Нехируршките третмани можат да бидат успешен терапевтски пристап со цел да се спречи потребата од хируршки третман. Рехабилитационен третман со примена на вежби и физикални агенси кај пациенти со уринарна инконтиненција е значајни во обновување на континенцијата и подобрување на квалитетот на живот кај овие пациенти. Urinary incontinence is the inability to control urination with spectrum of disturbances from periodical urinary leaks to complete inability to retain urine. It occurs more often in elderly and in women. Urinary incontinence has a great impact on general health and may reduce the quality of life. There are several types: stress urinary incontinence, urgent urinary incontinence, neurogenic urinary incontinence, overflow urinary incontinence. Stress urinary incontinence is the most frequent one and is due to pelvic floor muscle weakness. For assessment and treatment of these patients the individual approach is warranted. The treatment of these patients includes medications, behavioral therapy, biofeedback, pelvic floor muscle training, electrical stimulation, magnetic stimulation and surgery. Non-surgical treatment might be effective to prevent surgery. Rehabilitation treatment with pelvic floor exercises and physical modalities for patients with urinary incontinence is important for recovery of the urinary continence and improvement of quality of life in these patients.

    0
    citations0
    popularityAverage
    influenceAverage
    impulseAverage
    BIP!Powered by BIP!
    more_vert
  • Authors: Gjetaj Jakovski, Marije; Spiroski, Igor; Ristovska, Gordana;

    Цел на трудот беше да се направи компаративна анализа на нутритивниот статус на деца на возраст од 6 до 8 години во градот Скопје во 2010 и 2016 година. Материјал и методи: За спроведување на истражувањето во 2010 и 2016 година беше развиен протокол кој беше усогласен со протоколот на COSI истражувањето. Во двата круга на собирање на податоци во 14 основните училишта на територијата на град Скопје беа одбрани деца од второ одделение. Антропометриските испитувања се вршени според стандардите на СЗО за мерење на висина и тежина. Референците за раст на училишни деца на СЗО од 2007 година беа користени за да се пресметаат z-скоровите на стандардни девијации на индексот телесна маса-за-возраст (БМИ/В), како и за интерпретација на антропометриските индикатори. Финалната обработка на податоците и проценката беше направена со примена на WHO AnthroPlus софтверот. Резултати: Вкупниот број вклучени деца во истражувањето во 2010 година беше 324, од кои 174 машки и 150 женски деца. Во истражувањето во 2016 година беа вклучени 365 деца, од кои 183 машки и 182 женски деца. Индексот БМИ/В кај децата мерени во 2010 година покажа кај 0,3% потхранетост кај сите деца. Индексот БМИ/В покажува дека речиси кај една третина од децата постои зголемена ТТ и дебелина, со тоа што во 2010 година процентот на деца со зголемена ТТ и дебелина е повисок (32,4%) во однос на 2016 година (28,8%). Исто така, поголем процент на дебели деца се измерени во 2010 година (14,5%) во споредба со 2016 година (12,6%). Околу 5% од децата се со екстремна дебелина (% > +3СД) и се евидентирани во 2010 година, додека во 2016 година таа состојба е присутна кај 4,7%. Заклучок: Кривата на дистрибуција е поместена надесно во однос на референтните вредности, односно проблемите со исхраната на децата се поместени кон ризиците од зголемена телесна тежина и дебелина. Според тоа, и јавноздравствените акции треба да бидат насочени во тој правец. Потхранетоста, било умерена или тешка, ретко се среќава и не претставува значаен јавноздравствен проблем кај децата на оваа возраст во Македонија. The aim of the study was to make a comparative analysis of the nutritional status of children aged 6 to 8 in the city of Skopje in 2010 and 2016. Material and Methods: A protocol that was in line with the COSI survey protocol was developed for the implementation of the research in 2010 and 2016. In the two rounds of data collection, second grade children were measured in 14 primary schools on the territory of the city of Skopje. The anthropometric measurements were performed according to the WHO standards for measuring height and weight. WHO Child Growth References were used to calculate the z-scores of standard deviations of the body mass index-for-age, as well as for the interpretation of anthropometric indicators. The final data processing and assessment was made using the WHO AnthroPlus software. Results: The total number of children included in the survey in 2010 was 324, of which 174 male and 150 female. The 2016 survey included 365 children, of which 183 were male and 182 female. The BMI-for-age index in children measured in 2010 showed 0.3% malnutrition among all children. The BMI-for-age index has showen that almost one third of children are overweight or obese, whereas the percentage of overweight or obese children was higher in 2010 (32.4%) compared to 2016 (28.8%). Also, a higher prevalence of obese children was observed in 2010 (14.5%) compared to 2016 (12.6%). About 5% of children with severe obesity (> + 3SD) were observed in 2010, while in 2016 there were 4.7% severely obese children. Conclusion: The distribution curve is shifted to the right compared to the reference values, and children's nutritional problems are associated to the risks related to overweight and obesity. Accordingly, public health actions should be addressing that situation. Undernutrition, both mild or severe is not prevalent and is not considered a significant public health problem for children of this age in Macedonia.

    0
    citations0
    popularityAverage
    influenceAverage
    impulseAverage
    BIP!Powered by BIP!
    more_vert
  • Authors: Gjoshevska-Dashtevska, Emilija; Trpevska-Shekerinov, Natasha; Ivanova, Maja;

    Епидемијата на COVID-19 започна во декември 2019 година во Вухан, Кина, а пандемија беше официјално прогласена од Светската здравствена организација (СЗО) во март 2020 година. COVID-19 може да ги афектира и очите. Офталмолошките манифестации на вирусот не се толку фреквентни; преваленцијата досега изнесува околу 3%. Препознавањето на можноста за офталмолошка трансмисија и манифестација на вирусот е од сигнификантно значење за офталмолозите и здравствените работници. Најчеста офталмолошка манифестација, според објавените студии, е фоликуларен конјунктивитис, со сите симптоми и знаци на вирусен конјунктивитис. Обично е билатерален, а пациентите пројавуваат симптоми слични на аденовирусен конјунктивитис, со дискомфорт, чувство на туѓо тело, црвенило или, пак, воопшто немаат субјективни симптоми. Симптомите се поизразени кај пациенти со потешка клиничка слика на болеста. Една од опишаните неспецифични манифестации на COVID-19, како иницијална манифестација, е и кератоконјунктивитис. Влијанието на вирусот врз ретината и крвните садови не се сè уште истражени целосно. Докажано е дека COVID-19 може да се изолира од солзите или од окуларната површина, преку брис од конјунктива со PCR.Најчестиот начин на трансмисија е преку директен контакт и преку аеросоли. Очите, преку назолакрималниот систем, може да бидат влез за респираторна инфекција, а преку лакрималната жлезда може да настане и хематогено ширење на вирусот. Неопходно е навремено препознавање на офталмолошките симптоми во време на оваа пандемија, како од страна на офталмолозите, така и од другите здравствени работници, затоа што понекогаш тие може да претставуваат единствена манифестација на COVID-19, а од друга страна, тоа ќе доведе до поголема заштита и спречување на ширење на вирусот. Мерките на превенција треба да се насочени кон применување административни протоколи, персонална заштита и контрола во средината. The epidemics of COVID-19 started in December 2019 in Wuhan, China, and the World Health Organization (WHO) officially declared a pandemic in March 2020. COVID-19 can also affect the eyes. Ophthalmic manifestations of the virus are not so frequent; the prevalence is about 3% up to now. Recognizing the possibility of ophthalmic transmission and manifestation of the virus is of significant importance for ophthalmologists and health workers. According to published studies, the most common ophthalmic manifestation is follicular conjunctivitis with all the symptoms and signs of viral conjunctivitis. It is usually bilateral, and patients present adenoviral-like symptoms, discomfort, foreign body sensation, redness, or they have no subjective symptoms. The symptoms are more pronounced in patients with a more severe clinical picture of the disease. One of the described non-specific manifestations of COVID-19 as an initial manifestation is keratoconjunctivitis. The effects of the virus on the retina and blood vessels have not been fully investigated, yet. It has been proven that COVID-19 can be isolated from tears and from ocular surface by PCR conjunctival swab. The most common mode of transmission is through direct contact and through aerosols. Through the nasolacrimal system, the eyes can be the entrance for respiratory infection and hematogenous spread of the virus can occur through the lacrimal gland. Early recognition of the ophthalmic symptoms by ophthalmologists as well as the other health workers during this pandemic is necessary because sometimes they can be the only manifestation of COVID-19, and on the other hand, it will lead to greater protection and prevention of the virus spreading. Prevention measures should be focused on the application of administrative protocols, personal protection and environmental control.

    0
    citations0
    popularityAverage
    influenceAverage
    impulseAverage
    BIP!Powered by BIP!
    more_vert
  • Authors: Petkovikj, Natasha; Velikj-Stefanovska, Vesna; Eftimovska-Rogach, Irena; Eftimovska Otovikj, Natasha; +2 Authors

    Mortality statistics for causes of death is a basic indicator of the state of health of the population in one country. Its validity is entirely based on the accuracy of Death Certificates that is primary source of data. The purpose of this research is to determine the accuracy of Death Certificates with the inscription (I10 - I50) according to the as the main cause of death in the City general hospital "8th of September" in Skopje. Material and Methods: The survey is a crossectional study implemented in the City general hospital "8th September" - Skopje in the period from January 2015 to December 2016. The study analyzed the Death Certificates that according to ICD10 were inscribed with the I10 - I50 a codes as the main cause of death. There were 121 patients aged 24 to 84 who died in the period 0-28 days of hospitalization, regardless of sex and other socio-demographic characteristics. The analysis of the accuracy of the Death Certificates was done in accordance with the standardized form of the MONICA project. Results: The average age of the deceased in the entire sample was 72.41 ± 9.14 [95% CI (70.71-74.11)] years. Fully filled Death Certificates were 67 (56.3%), incorrect 22 (18.5%) and partly accurate 30 (25.2%). There is no significant association (p> 0.05) between the sexes of the examinees and the accuracy of the inclusion of the primary cause of death. Significantly (p <0.05) more accurately inscribed secondary cause of death in males was found. Conclusion: With a certain limitation of the small number of cases, the research points to the inconsistency between the data taken from the hospital documentation and the cause of death written in the Death Certificates. There is a real need to take adequate measures to improve the quality of the Death Certificates. Морталитетната статистика по причини за смрт е основен показател на здавствената состојба на населението во една земја. Нејзината валидност во целост е базирана на точноста на Лекарските извештаи за причина на смрт (ЛИПС) што претставуваат нејзин основен извор на податици. Цел на ова истражување е да се утврди точноста на лекарските извештаи со впишано КВЗ (I10 - I50) како основна причина за смрт во Градската општа болница „8ми Септември“ во Скопје. Материјал и методи: Истражувањето представува квантитативна аналитичка студија на пресек имплементирана во Градската општа болница „8ми Септември“ - Скопје во периодот од јануари 2015 до декември 2016 година. Во истражувањето беа анализирани ЛИПС-овите кои согласно МКБ10 беа со впишано КВЗ (I10 - I50) како основна причина за смрт. Опфатени беа 121 пациент на возраст од 24 до 84 години кои починале во периодот 0 - 28 дена од хоспитализацијата и тоа независно од полот и другите социо-демографски карактеристики. Анализата на точноста на ЛИПС-овите, беше направена согласно стандардизиран образец од MONICA проектот. Резултати: Просечната возраст на починатите во целиот примерок изнесуваше 72,41±9,14 [95% CI (70.71-74,11)] години. Tочно пополнети ЛИПС-ови биле 67 (56,3%), неточно 22 (18,5%) и делумно точно 30 (25,2%). Нема сигнификантна асоцијација (p>0,05) меѓу полот на испитаниците и точноста на впишување на примарната причина за смрт. Утврдена е сигнификантно (p<0,05) поточно е впишана секундарна причина за смртта кај лицата од машки пол. Заклучок: Со извесна лимитација поради малиот број на случаи истражувањето укажува на неусогласеност помеѓу податоците превземени од болничката документација и причината за смрт впишана во ЛИПС-овите. Постои реална потреба да се превземат адекватни мерки за подобрување на квалитетот на ЛИПС.

    0
    citations0
    popularityAverage
    influenceAverage
    impulseAverage
    BIP!Powered by BIP!
    more_vert
  • Authors: Petkovikj, Elena; Hristova Dimceva, Anita; Grubovic Rastvorceva, Rada; Useini, Sedula;

    There are many factors for in vitro fertilization (IVF) failure, and hereditary thrombophilia has been mentioned as one of them in the last few years. Thrombophilia is a condition of predisposition to thromboembolism. The aim of the study was to evaluate the sociodemographic characteristics and to examine the representation of thrombophilic mutations in women with IVF failure. Material and methods: In a retrospective-prospective case-control study we evaluated 52 women, divided in two groups. Twenty-twowomen with at least three IVF failures were included in the examined group (EG). Thirty women, age matched, who gave birth to at least one healthy child without obstetric complications were included in the control group. Presence of gene mutations for factor II Prothrombin (G20210A), factor V Leiden (FVL) and methylentetrahydrofolate reductase (MTHFR C677T) was examined in both groups. Sociodemographic data, data from personal, family and obstetric anamnesis was collected with standard questionnaire. Results: Representation of nationality in both groups roughly corresponds to the national structure in Republic of Macedonia. In both groups the most prevalent age was from 30 to 34 years (40% in the CG and 50% in the EG). According to the degree of education, homogeneity between the two groups was registered. In most of the EG, MTHFR heterozygous was 63.6% vs. 56.7% in the CG, followed by the FV Leiden heterozygous with 13.6% vs. 3.3% in the CG, MTHFR homozygous with 9.1% vs. 6.7% in CG, factor II Prothrombin (G20210A) heterozygous with 4.5% vs. 6.7 in CG. 72.7% of women in the EG and 60% in the CG had one thrombophilic mutation, and 9.1% of women in EG and 6.7% in CG had two thrombophilic mutations. 18.2% of women in EG and 33.3% in CG did not have any mutations. Conclusion: The sociodemographic profile of women with IVF failure is a woman aged between 30 and 34 years with a university degree, with at least one thrombophilic mutation. Thrombophilic mutation has not been registered in only a small percentage of women with failed IVF. За неуспешната in vitro фертилизација (ИВФ) се заслужни повеќе фактори, меѓу кои последниве години се вбројува и наследната тромбофилија. Тромбофилија е состојба на предиспозиција за тромбоемболизам. Цел на трудот е да се евалуираат социодемографските карактеристики и да се испита застапеноста на мутациите за тромбофилија кај жените со неуспешна in vitro фертилизација. Материјал и методи: Во ретроспективно-проспективна студија на случај и контрола се евалуирани 52 жени, поделени во две групи. Во испитуваната група (ИГ) се вклучени 22 жени со најмалку три неуспешни ИВФ. Во контролната група (КГ) се вклучени 30 жени на иста возраст, што веќе родиле барем едно здраво дете, без акушерски компликации. Кај жените е испитано присуство на мутации на генот за фактор II протромбин (G20210A), фактор V Leiden (FVL) и метилентетрахидрофолатредуктаза (MTHFR C677T). Социодемографски податоци, податоци од лична, акушерска и семејна анамнеза беа прибрани со стандарден прашалник. Резултати: Застапеноста на националноста во испитуваните групи приближно одговара на националната структура во Република Македонија. И во двете групи најзастапена група е на возраст од 30 до 34 години (40% во КГ и 50% во ИГ). Според степенот на образование се регистрира хомогеност помеѓу двете групи. Во ИГ во најголем процент се регистрира MTHFR хетерозигот 63,6% vs. 56,7% во КГ, потоа FV Leiden хетерозигот со 13,6% vs. 3,3% во КГ, MTHFR хомозигот со 9,1% vs 6,7% во КГ и фактор II (G20210A) хетерозигот со 4,5% vs. 6,7 во КГ. 72,7% од жените во ИГ и 60% во КГ имаат присуство на една тромбофилна мутација, а 9,1% од жените во ИГ и 6,7% во КГ имаат присуство на две тромбофилни мутации. 18,2% од жените во ИГ и 33,3% во КГ немаат ниту една мутација. Заклучок: Социодемографскиот профил на жените со неуспешни ИВФ е жена на возраст помеѓу 30 и 34 години, со високо образование, кај која има присуство на најмалку една тромбофилна мутација. Само кај мал процент од жените со неуспешни ИВФ не е регистрирана ниту една тромбофилна мутација.

    0
    citations0
    popularityAverage
    influenceAverage
    impulseAverage
    BIP!Powered by BIP!
    more_vert
  • Authors: Bojadzioska, Maja; Dejanov , Petar; Kafedziska, Irena; Nikolovska-Kotevska, Mimoza; +6 Authors

    Остеопорозата (OP) е сериозна вонзглобна манифестација која се јавува кај пацинетки со ревматоиден артритис (RA). Еден од ризик-факторите претставува долготрајната примена на гликокортикоиди (GC). Остеопорозата заедно со зголемениот ризик од вертебрални (VF) и невертебрални фрактури (non-VF) има негативно влијание врз квалитетот на живот кај пациентките со ревматоиден артритис. Целта на трудот беше да се детектира појавата на OP и VF кај постменопаузни пациентки со RА и нивната поврзаност со долготрајната примена на мали дози гликокортикоиди. Материјал и методи: Беа анализирани 46 пациентки. Кај сите беше направенo снимање за евалуација на остеопороза со апарат за двојно-енергетска x-зрачна aпсорпциометрија - DXA скен, “Lunar iDXA”, производство на GE, со вграден софтвер за проценка на VF, VFA (Vertebral Fracture Assessment). Резултати: Вредностите на коскениот минерален дензитет (BMD) беа сигнификантно помали во групата која примала гликокортикоиди. Според VFA, кај 37,0% од пациентките беше регистрирана фрактурa од среден степен, кај 19,6% леснa фрактурa, a тешка фрактура беше регистрирана кај три пациентки (6,5%). Заклучок: Кај постменопаузните пациентки со RA кои примаа терапија со GC беше регистрирана почеста појава на OP како и VF споредено со останатата група пациентки со ревматоиден артритис. Кај сите пациенки со RA во менопауза, потребно е навремено детектирање и третман на остеопорозата и превенирање на нејзините компликации. Osteoporosis (OP) is a serious extracorporeal manifestation that occurs in patients with rheumatoid arthritis (RA). One of the risk factors is long-term use of glucocorticoids (GC). Osteoporosis together with the increased risk of vertebral (VF) and non-vertebral fractures (non-VF) in particular has a negative impact on quality of life in patients with rheumatoid arthritis. The aim of the study was to detect the occurrence of OP and VF in postmenopausal patients with RA and their association with long-term use of small doses of glucocorticoids. Material and methods: A total of 46 patients were analyzed. All respondents underwent imaging for osteoporosis evaluation with a DXA scanner (Lunar iDXA, GE) and VF with incorporated Vertebral Fracture Assessment (VFA). Results: The values of bone mineral densities (BMD) were significantly smaller in the group that received glucocorticoids. According to VFA, 37,0% of patients were registered to have a fracture of middle degree, a mild fracture was registered in 19.6% of patients, and severe fractures were registered in 3 patients (6.5%). Conclusion: In postmenopausal patients with RA receiving GC therapy, a more common occurrence of osteoporosis and vertebral fractures was reported compared with the remaining group of RA patients. All patients with RA in menopause need to be screened for timely detection and treatment of osteoporosis and prevention of its complications.

    0
    citations0
    popularityAverage
    influenceAverage
    impulseAverage
    BIP!Powered by BIP!
    more_vert
  • Authors: Prosheva, Sanja; Kjosevska, Elena; Velikj Stefanovska, Vesna;

    Важно за здравјето на децата кои одат во основно училиште е во рамките на училиштето да имаат чиста вода за пиење, соодветни тоалети, здрава храна достапна за сите и безбедно место за учење и играње. Целта на трудот беше да се направи проценка на состојбата со физичката средина во основните училишта низ целата Република според увидот во моменталната ситуација во училиштата и приоритетите коишто тие ги имаат за унапредување на училишната физичка средина. Материјал и методи: Беше користена богата домашна и странска литература достапна преку научните бази PubMed, Scopus и други. Се пристапи кон спроведување на студија на пресек со која беа опфатени 320 основни училишта во РСМ. Податоците беа собрани преку користење на алатката за брза проценка, а беа статистички обработени со користење на софтверскиот пакет SPSS, верзија 22.0 за Windows (SPSS, Chicago, IL, USA). Анализата на квалитативните серии беше правена преку одредување на коефициент на односи, пропорции и стапки. Квантитативните серии беа анализирани со употреба на мерките на централна тенденција како и со мерките на дисперзија. Резултати: Моменталната состојба беше оценета како најдобра (75,31%) според тврдењето – „Во сите згради од училиштето се одржува пријатна температура, осветлување и проветреност“. Најслабо оценета (36,56%) моментална состојба за тврдењето – „Училишната менза, продавницата и апаратите нудат храна и пијалак кои се здрави, по соодветни цени“. Најприоритетно (83,44%) беше тврдењето – „Училишните објекти се прилагодени на учениците, тие се безбедни, чисти и промовираат хигиена за сите ученици“. Подобри услови во однос на физичката средина се забележуваат кај учениците коишто слушаат настава на македонски јазик или во повеќејазичните паралелки, за разлика од учениците коишто следат настава на албански јазик, како и тоа дека градските училишта во споредба со селските имаат подобри услови за работа. Иако во моментот ситуацијата во Југозападниот регион е меѓу најлошите, сепак училиштата од овој регион најмногу се стремат кон унапредување. Заклучок: Според моменталната состојба се увиде дека недостасуваат училишни мензи, продавници и апарати во близина на училиштата кои би понудиле здрава храна и пијалаци. Највисок приоритет е училишните објекти да бидат приспособени на потребите на учениците, да бидат безбедни, чисти и да промовираат хигиена за сите ученици и училишниот персонал. It is important for the health of the children who go to primary school to have clean drinking water, appropriate toilets, healthy food available for all and a safe place to learn and play within the school. The aim of this paper was to assess the physical environment of the primary schools across the country, taking into account the current situation of the schools and the priorities they have for improving the school physical environment. Material and methods: Home and foreign literature deposited in PubMed, Scopus and other scientific basses was used. A cross-sectional study covering 320 primary schools in RNM was conducted. The data were collected using the Rapid Assessment Tool, and they were statistically analyzed using the SPSS software package, version 22.0 for Windows (SPSS, Chicago, IL, USA). Qualitative analysis was performed by determining coefficients of relationships, proportions, and rates. Quantitative series were analyzed using central tendency measures as well as dispersion measures. Results: The current situation was rated as the best (75.31%) by the statement - "All buildings of the school maintain a pleasant temperature, lighting and ventilation". The lowest rated (36.56%) was the current status statement - "School canteen, store and appliances offer healthy food and drink at reasonable prices." Priority (83.44%) was the statement - "School buildings are tailored to students, they are safe, clean and promote hygiene for all students". We can see that better conditions in terms of physical environment are observed among students who attend classes in Macedonian language or are multiethnical, compared to students who attend classes in Albanian language, as well as that the urban schools compared to village schools have better conditions for work. Although the situation in the Southwest region is among the worst at the moment, the schools in this region are still striving to improve. Conclusion: According to the current situation, there is a lack of school canteens, shops and appliances near the schools that would offer healthy food and drinks. The highest priority is for school facilities to be adapted to students, to be safe, clean and to promote hygiene for all students and school staff.

    0
    citations0
    popularityAverage
    influenceAverage
    impulseAverage
    BIP!Powered by BIP!
    more_vert
  • Authors: Kosteska, Sandra; Gjorgjev, Dragan;

    Имајќи ја предвид коплексноста во еколошкото здравје и социјалните аспекти на индустриски контаминирани точки (ИКТ), методологијата и пристапот во истражувањето на влијанието на ИКТ врз здравјето се многу хетерогени. ICSHNet во соработка со СЗО препорачуваат два главни методолошки приоди за истражување на ИКТ: проценка на здравствениот ризик и епидемиолошки студии. Некои земји го имаат потребното искуство за проценка на влијанието на ИКТ, а некои, пак, имаат лимитирани ресурси и помалку интензивни студии. Во Република Северна Македонија идентификувани се вкупно 16 ИКТ, од кои депонијата со линдан во АД ОХИС Скопје е оценета со највисок еколошки но и јавноздравствен ризик. Основна цел на студијата беше преку преглед на селектирани литературни податоци поврзани со методолошки приоди за проценка на здравствените ризици во индустриски контаминираните точки на меѓународно и национално ниво да се изврши компаративна анализа на спроведениот методолошки пристап во Република Северна Македонија преку примерот со ИКТ АД ОХИС Скопје. Материјал и методи: Преглед на научна и сива литература, како и селектирање на студии преку базите на податоци PubMed и Medline, изведени во периодот 2000-2017 на англиски и македонски јазик. Селектираната литература и податоци се евалуираа во однос на потребни податоци за идентификација на хазарди, проценка на експозицијата и карактеризацијата на здравствениот ризик. Дополнително, беше извршен преглед на публикувани извештаи од спроведената проценка на ризик на ИКТ АД Охис Скопје. Резултати: Беа анализирани вкупно 14 студии. Континуиран мониторинг систем бил користен само во две студии, а во останатите студии биле пресметувани контаминентите во изворот или биле спроведени краткотрајни мониторинг кампањи. Проценка на експозицијата била спроведена преку одредување на присуството на контаминентот или оддалеченост од изворот и во една студија биомониторингот. Инциденцијата на смртност, појава на канцер и вродени аномалии и број на хоспитализации се користени здравствени податоци. Проценката на ризик на ИКТ АД Охис Скопје по својот дизајн е еколошка студија со примена на индиректна квантитативна проценка на експозицијата. Заклучок: Во сите анализирани студии се применети три главни принципи на проценка на експозицијата: преку одредување на концентрацијата на полутантот, оддалеченоста од изворот и биомониторинг. Споредбено, проценката на ризик на ИКТ АД Охис Скопје методолошки ги следи препораките на US EPA и ATSDR, со слабости во однос на недостаток на континуиран мониторинг систем и недостаток на податоци за здравствениот ефект, што ја лимитира проценката на здравствениот импакт, како и поставување на EPHT или друг систем за јавноздравствен надзор во ИКТ. Considering complicity in ecological health and social aspects of industrial contaminated sites (ICSs), the methodologies and approaches of health impact assessments are very heterogeneous. ICSHNet together with WHO recommend two main methodological approaches: health risk assessments and epidemiological studies. Some countries have necessary experience for impact assessment of ICSs, but others have limited resources and less intensity studies. In the Republic of North Macedonia, 16 ICSs are identified, but one of them, lindane dumpsite in OHIS Plant is characterized as the most ecological and public health risk. The general aim: Systematic review of literature data about methodological approaches for health risk assessment of ICSs on international and national level in order to make comparative analysis of current methodological approaches in the Republic of North Macedonia using the case study of ICS OHIS PLANT SKOPJE. Material and methods: The review of scientific and grey literature was performed. The selected scientific studies were searched in the PubMed and Medline databases from 2000-2017, in English and Macedonian. The selected studies and data were analyzed by required information for identification of hazards, exposure assessment and risk characterization. Additionally, the review was performed on published reports of risk assessment of OHIS Plant. Results: A total of 14 original papers were investigated. Continuous monitoring systems for gathering environmental data related to ICSs were used only in two cases and in other studies the concentrations of contaminants in the source were calculated or several ad hoc monitoring campaigns were performed. Exposure assessment was conducted according to qualitative definition for the presence/absence of a source, distance to a source and biomonitoring in the study. Mortality, cancer incidence, congenital abnormalities and hospitalizations were used health data. The study of risk assessment of OHIS Plant has ecological design and indirect quantitative exposure assessment model was used. Conclusion: All investigated studies used three main methodological approaches for exposure assessment: measurement of hazard concentration, distance from source and biomonitoring. Comparable, conducted risk assessment of OHIS Plant follows the recommendations of US EPA and ATSDR with weakness of no existing continual monitoring process and also deficiency of health data and this is the reason for limitation of health impact assessment and setting up EPHT or other public health surveillance system.

    0
    citations0
    popularityAverage
    influenceAverage
    impulseAverage
    BIP!Powered by BIP!
    more_vert
Powered by OpenAIRE graph